Добредојдовте на Сакам.инфо. Со прелистувањето и користењето на оваа веб-страница, вие се согласувате на почитување и подлежите на нашите правила и услови за користење, кои заедно со нашата политика за приватност ја дефинираат релацијата на Сакам.инфо со вас во врска со оваа веб-страница.

Терминот Сакам.инфо или „ние” или „нас” се однесува на сопствениците на оваа веб-страница. Терминот „вие” се однесува на корисникот или посетителот на нашата веб-страница. Користењето на оваа веб-страница е условено со следните правила на користење:

  • Содржините на главната страница и на нејзините под-страници е за лична и персонална употреба на содржаните информации. Содржините можат да се менуваат без претходна напомена.
  • Ниту ние, ниту која било трета страна можеме да дадеме потполна гаранција за редовноста, навременоста, точноста, ефикасноста или комплетноста на информациите и материјалите што се содржани на оваа веб-страница за која било намена. Со самото користење на страницата, станувате свесни за можните неточности или отстапувањата од некои содржини за кои, според законот, до одреден степен, не преземаме одговорност.
  • Сакам.инфо целосно ја поддржува слободата на говорот во смисла на изнесување лични ставови и мислења на авторите, но не стои секогаш зад нив и не се согласува задолжително со нивната содржина. Редакцијата на Сакам.инфо не презема одговорност доколку текстовите на нашите колумнисти содржат дисквалификации, дискредитации, етикетирање без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од било која сфера. Се оградуваме од таквата терминологија и конотации кои ќе ги сметаме за непримерни во јавната комуникација и медиумски настапи во која било форма.
  • Користењето на кои било информации или материјали од оваа веб-страница е на ваш сопствен ризик за кој не преземаме никаква одговорност. Ваша должност е да се осигурате, предтходно, дали содржините што сте ги нашле се токму тие што ви требаат.
  • Оваа веб-страница содржи материјали што се под наша надлежност или во наша сопственост. Материјалите може да ги вклучуваат графичкиот дизајн, формата, изгледот и графичките елементи (банери, фотографии и друго), но оваа листа на содржини не е исцрпна. Секое нивно копирање е забрането освен во согласност со белешката за авторски права која е составен дел од овие правила и услови.
  • Сите брендови што не се во наша сопственост или под лиценца на некој друг оператор се соодветно цитирани на нашата веб-страница.
  • Неавторизираното користење или злоупотреба на оваа веб-страница (хакирање, спамирање и слично) може да резултира со покренување постапка пред надлежните органи, во согласност со постоечките законски прописи во Република Македонија, за соодветен надомест за предизвиканите штети и/или ќе се смета за криминален прекршок.
  • Повремено оваа веб-страница може да содржи и информации или пренасочувања кон други веб-страници. Овие пренасочувања ви се ставени на располагање за да ви обезбедат дополнителни информации. Нивното присуство не значи дека стоиме зад ставовите на веб-страниците. Сакам.инфо не презема никаква одговорност за содржините на линкуваните веб-страници.
  • Не можете да креирате пренасочување кон оваа веб-страница од друга веб-страница или документ без претходна писмена согласност од страна на Сакам.инфо.