Петиција: Стоп на анти-ЛГБТИ нападите!

На 12 јули 2013 година, два дена по писмото од Human Rights Watch испратено до премиерот Никола Груевски на 10 јули 2013, се огласи и Amnesty International со повик за итна акција поради ескалацијата на анти-ЛГБТИ нападите во Македонија.

Истиот ден, 12 јули 2013, непосредно пред полноќ се случи второто каменување на домот на Петар Стојковиќ, актер и активист за човекови права. На 14 јули 2013, Хелсиншкиот комитет за човекови на права и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ одржаа прес-конференција пред МВР од каде ги повикаа премиерот, министрите и сите релевантни политички чинители да застанат во одбрана на човековите права на ЛГБТИ популацијата и да спроведат брза и ефективна истрага за пронаоѓање на насилниците и нивно изведување пред лицето на правдата.

[emailpetition id=”1″]

Според препораката на Amnesty International редакцијата на Сакам.инфо изготви петиција која ќе биде отворена за потпишување до 23 август 2013. Со потпишувањето на петицијата автоматски се испраќа порака од ваше име до електронските пошти на премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за правда Блерим Беџети.

Важна напомена: По потпишувањето не заборавајте да ја проверите вашата е-пошта и задолжително да го потврдите вашиот потпис. Доколку не сте ја добиле нашата порака во вашето влезно сандаче, проверете дали истата случајно завршила во Junk/Spam папката од вашата е-пошта. Доколку потписот не биде потврден, пораките до државните функционери нема да бидат испратени. Ова е дел од анти-спам заштитата.

Пораката ги повикува Министерката за внатрешни работи да стави крај на климата на неказнивост на хомофобичните насилства признавајќи ги и јавно осудувајќи ги овие злосторства, да овозможи да бидат спроведени целосни, темелни и итни истраги на нападите кое се случија во јуни и јули и на претходните напади врз животите и сопственоста на ЛГБТ луѓето и организациите, а оние кое се одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата; Премиерот и другите министри да додадат амандмани во законот за антидисриминација со кои сексуалната ориентација и родовиот идентитет ќе бидат наведени како посебни основи за дискриминација; и сите министри без одложување и во констулатација со ЛГБТИ организациите да воведат закон со кој ќе се забранат злосторствата мотивирани од омраза, посебно оние кои се основаат на сексуална ориентација и родов идентитет, како и етничка припадност, раса, род и останати основи за дискриминацијата признаени според меѓународни стандарди.

Се надеваме дека ќе ни се приклучите во оваа иницијатива. Апелираме да ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи и да ги повикате да се вклучат во акцијата.

Медиумски покровители

Поддржано од

Последни потписи
628Борче ЈошевскиАвг 22, 2013
627Elina PahumiАвг 22, 2013
626Андреј ЈованчевскиАвг 21, 2013
625Maja PlackoskaАвг 21, 2013
624Мартин НауновАвг 21, 2013
623Славица СрбиновскаАвг 21, 2013
622Aco StepanoskiАвг 21, 2013
621Александра СтојановскаАвг 21, 2013
620Emilija MirkovikjАвг 21, 2013
619Marina Gjorgjioska KitanoskaАвг 21, 2013
618Goran MitkovskiАвг 21, 2013
617Марија ГрујовскаАвг 21, 2013
616Gordana NestorovskaАвг 21, 2013
615aleksandra nikolovskaАвг 20, 2013
614Verica PatarovaАвг 20, 2013
613Fililp NestorovskiАвг 20, 2013
612Martin ManevАвг 20, 2013
611Nikola NikolovskiАвг 20, 2013
610Petar MirchevskiАвг 20, 2013
609Marija MihajlovaАвг 20, 2013

© 2013 Иван Ивановиќ, Сите права се задржани. Напишано за рубриката колумни на Сакам.инфо. Публикациите не смее да се преземаат до 24 часа по објавувањето. Подоцнежното преземање се прави исклучиво со наведување на изворот и креирање линк до оригиналниот текст. За преземање текстови пред истекот на 24 часа од нивното објавување, ве молиме контактирајте нѐ по електронски пат за писмена дозвола.